Македонија
13. September 2024 - 16:46

Во Скопје денеска 6 случаи на голема кашлица – болеста се уште актуелна

И по 7 месеци од прогласување на епидемија, заразата со голема кашлица не стивнува. Денеска скопскиот центар за јавно здравје регистрирал 6 нови случаи од кои сите се невакцинирани. Само едно бебе има примено една доза на Ди Те Пер. Овие заболени не се евидентирани во последниот неделен извештај на ИЈЗ за периодот од 6 ти до 12 септември. Новозаболени се 13 а 6 од нив биле хоспитализирани во болница.

Покрај главниот град, досега над 100 заразени со пертусис има во Куманово а голема е бројката и во Тетово.

Во февруари кога имаше масовност за вакцинација поради ширење на заразата голем број деца од градинки ги примија дозите согласно календарот за имунизација. Но статистиката покажува дека сеуште околу 10 000 деца нес е заштитени од голема кашлица.

Опасноста не доаѓа само од заразата со пертусис туку и од евентуално ширење на морбили кои се многу заразни.

Од пред неколку дена во земјата е регистриран втор случај на мали сипаници кај 12 годишен ученик од Петровец. Заразата ја добил при посета на Србија. Пребарувањето на вакциналните картони во училиштата во општината откри дека 44 основци не примиле МРП.

Опфатот со оваа вакцина е паднат на 73 проценти за прва доза и 85 за втора.