-->
-->
Вакцината на Оксфорд би можела да дава „двојна заштита“ од коронавирус
-->
Вакцината што се развива на универзитетот Оксфорд е еден од водечките кандидати во глобалната трка за заштита од коронавирусот.
Истражувачите од Оксфорд веруваат дека постигнале важен исчекор во развојот на вакцината против коронавирусот.
Испитувањата на луѓе покажале ветувачки резултати, откако тимот открил дека вакцината може да обезбеди „двојна заштита“ од вирусот.
Примероците на крв земени од волонтери во првата фаза покажаа дека вакцината го поттикнува организмот да направи и антитела и Т-клетки,. Т-клетките (клетки кои имаат улога да препознаат страно тело и да направат се за да го „уништат“) се најзаслужни за имунолошкиот одговор на организмот.
Вакцината е една од стотиците кои се во различни фази на развој во светот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци