Вакцината „КјурВак” има ефикасност од само 47 отсто
Германската биотехнолошка компанија „КјурВак“ (CureVac) соопшти дека нејзината вакцина против Ковид-19 е ефикасна само 47 проценти во подоцнежната фаза од испитувањето, поради што во прашање се доведуваат потенцијалните испораки на стотици милиони дози за Европската унија.
Британските медиуми пренесуваат дека Европската унија како досега единствениот и главен клиент на вакцината „КјурВак“, во ноември резервира околу 405 милиони дози, по што беше проследен меморандум за разбирање со Германија за дополнителни 20 милиони дози.
Компанијата соопшти дека за време на студијата биле застапени најмалку 13 варијанти на вирусот, наведувајќи дека оригиналната верзија на коронавирусот, што се појави во кинескиот град Вухан кон крајот на 2019 година, во овие тестирања беше речиси целосно отсутна.
Акциите на „КјурВак“, што котираат на берзите во САД, по оваа вест опаднаа за 48 проценти, на само 49 американски долари.
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“