Македонија
22. December 2016 - 11:36

Уживајте во убавото време, престои топол викенд

Викендов и почетокот на работната седмица под влијание на поле на висок воздушен притисок и стабилна воздушна маса времето ќе биде стабилно и суво.
 
Температурата ќе биде во благ пораст, а зголемување на облачноста ќе има од недела. Ќе дува слаб до умерен северен ветер, кој повеќе ќе биде изразен на повисоките места и планините.
 
Од вторник попладне се очекува промена на времето со засилен северен ветер, опаѓање на температурата и услови за слаби врнежи од снег и дожд.