Утре почнува 61-от круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција
По пауза од речиси пет години, утре во Истанбул почнува 61-от круг од прелиминарните контакти меѓу Грција и Турција, а ставот на официјална Атина е дека прашањата што се однесуваат на одредување на ексклузивната економска зона и континенталниот гребен во Егејското Море и Источниот Медитеран, се единствените теми за кои разговара Грција, а во никој случај не се разговара за демилитаризација на островите, јави дописничката на МИА од Атина.
Станува збор за неформални контакти, а не за преговори, нема обврзувања меѓу двете страни, нема договорен записник, не присуствува трета страна и нема информирање за содржината на разговорите, а целта е доколку има поклопување на ставовите во иднина евентуално би се одржале преговори.
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас во интервју за весникот „Ефимерида тон синдактон“ вели дека доколку нема договор во преговорите кои би можеле да следат по прелиминарните контакти, двете страни ќе треба да се согласат за заеднички текст што во продолжение би се доставил до Меѓународниот суд во Хаг.
– Сакам да потенцирам дека во прелиминарните контакти не се разговара за прашањето за демилитаризација на островите. Не се разговара за прашање што се однесува на националниот суверенитет. Ние во контактите доаѓаме со добра волја, со конструктивен дух и главно, не провоцираме. Не посакуваме ескалација, ниту се обидуваме да ги поткопаме, на еден или друг начин прелиминарните контакти. Напротив се надеваме дека овие контакти можат да доведат до деескалација, објаснува Дендиас и изрази надеж дека и турската страна на разговорите ќе дојде со ист дух.
Во однос на тоа кога би можело да има средба со неговиот турски колега Мевлут Чавушоглу, шефот на грчката дипломатија вели дека „кога околностите ќе го дозволат тоа и кога ќе има соодветна клима за една таква средба да биде конструктивна“.
Последниот круг прелиминарни контакти меѓу Грција и Турција беше одржан во март 2016 година.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава