Македонија
18. April 2024 - 12:26

Уште 5 дена кампања за претседателските избори

Кандидатите за претседатели ги одбројуваат последните 5 дена од камапањата за првиот круг од изборите закажани за 24 април.

Најголем дел од нив од денеска им се приклучуваат на партиските лидери.

Па така кандидатаката за претседател поддржана од ВМРО ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова денеска ќе се приклучи на митингот на партијата во Охрид.

Кандидатот поддржан од СДСМ Стево Пендаровски вечерва ќе одржи одвоени митигнзи од партијата, во Чешиново Облешево, Виница и Кочани.

Коалицијата ВРЕДИ ќе одржи митинг во Домот на културата во Струга.

Претседателската кандидка на Левица, Билјана Ванковска ќе се пруклучи на митингот на Левица во Велес.

Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Максим Димитриевски ќе ја презентира програмата пред граѓаните во Куманово.

Претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски ќе има средби со граѓани во Гевгелија и Струмица.

Кандидатот на ДУИ Бујар Османи ќе оствари средба со граѓани во Матејче и Липково.

Во продолжение гледаме дел од нивните пораки.