Универзитетот „Св.Климент Охридски“ го одбележува патрониот празник
Универзитетот „Св.Климент Охридски“ - Битола почна со реализација на програма посветена на 8. Декември - Ден на Патронот на вториот државен универзитет во Република Македонија.
Денот на Свети Климент Охридски, првиот македонски епископ, е врежан во македонската историја, а Климентовото дело е темел на високото образование во државата, истакна ректорот Сашо Коруновски на денешната свечена академија што се одржа во Битола.
- Денешната свеченост претставува вовед пред големиот настан што ќе се случи во 2016 година кога на наша иницијатива и на државно ниво ќе се одбележува 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Климент Охридски. Подготовките се во тек, формиран е организациски одбор и секоја наша активност ќе биде посветена на големиот просветител Свети Климент Охридски, нагласи ректорот Коруновски.
На Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола во моментов студираат околу 10.000 студенти и според ректорот Коруновски, овој Универзитет е во категоријата на средно-големи универзитети со голема предност што воедно е и регионален Универзитет.
- Денес, повеќе од 1100 години подоцна, во поширокиот регион на лулката на првиот словенски универзитет, живеејќи во едно друго време, време на брз развиток и технологии и неограничен проток на информации, кога потребата за образование, усовршување и напредок станува императив за секој поединец, и нашиот Универзитет своето функционирање го заснова врз креирањето на такво опкружување во кое образованието на секој млад човек претставува долгорочна мисија и наша визија, рече меѓу другото ректорот Коруновски на свечената академија во Битола.
Во рамките на прославата на патрониот празник на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ , утре во Охрид ќе биде одржана свеченост по повод 45 години од формирањето на Факултетот за туризам и угостителство, а на 17 декември во Прилеп ќе бидат одбележани 55 години од формирањето на Економскиот факултет.
Ново на Сител
-
Врховниот судија Георгиев и членот на совет на обвинители Мемети осомничени за поткуп - Георгиев фатен на дело
-
Љупчо Палевски Палчо пред судија на претходна постапка за мерката притвор
-
Изборен молк - Утре ќе се прегласува во 5 и 6 ИЕ за два пратеника
-
ССМ пресмета: Месечно потребни се над 1,000 евра за да се преживее
-
Земјоделците од Иловица и Штука блокираа пат поради откупната цена на младиот компир од само 15 денари
-
Хируршките сали не работат со денови - Бесија Иљази од токсикологија забрани изјави за новинари
-
ССЗ против намерата за припојување на болницата во Лешок кон Клиничката во Тетово
-
Полиција и куп инспектори влегоа во забавниот парк во Карпош