Украинските сили го гранатираа градот Нова Каховка, соопштија официјални претставници назначени од Русија
Украинските сили гранатираа станбена област во градот Нова Каховка, при што е повредено едно лице, јавија светските агенции, цитирајќи ја градската управа назначена од Москва.
Минатата недела, браната Каховка беше уништена, што предизвика големи поплави и принуди илјадници луѓе да ги напуштат своите домови.
Тоа беше една од најголемите индустриски несреќи во Европа во последните децении. Според управата, поради гранатирањето на блиското село Плодово има прекин на струјата.
Украина и Русија негираат дека цел на нивните воени операции биле цивили. Двете страни разменија обвинувања за гранатирање на поплавените подрачја по пробивањето на браната Каховка.
Градската управа исто така соопшти дека околу 7. 200 луѓе, меѓу кои 421 дете, биле евакуирани од поплавените подрачја во изминатата недела. рп/Фото: МИА архива .
Ново на Сител
-
Министерката Јаневска ќе се обрати на Самитот Македонија 2025 на панелот посветен на образованието на иднината
-
Повремените врнежи поволни за земјоделството, производителите да преземаат мерки против појава на плевели, болести и штетници
-
Без струја делови од Кисела Вода и Сарај
-
Членовите на АФЕТ ќе гласаат по извештаите за Црна Гора и Молдавија
-
Антетокумпо подготвен да ги напушти Милвоки Бакс
-
Романец ќе го суди финалето помеѓу ПСЖ и Интер
-
Конте: Играме над нашите можности, благодарност на играчите за тоа
-
Рекордна заработка од „Ел класико“