-->
-->
УХМР: Големо невреме ја зафати Македонија
-->

Засилен јужен ветер со брзина од околу 90 километри на час ги зафати денеска Пелагонија и Штипско, соопшти УХМР.
Во западните и северните делови од Македонија е облачно со врнежи дожд кои на повеќе места беа обилни. До 13 часот наврнаа 34 литри на метар квадратен во Маврово, 28 во Пожаране, 26 во Лазарополе, 22 во Скопје (Зајчев Рид) и Тетово, 19 во Куманово, 17 во Дебар, 10 во Скопје (Петровец), 6 во Ѓуриште, 4 во Крива Паланка, два во Охрид и Прилеп. Имаше и појава на грмежи, најпрво во западните делови, а во текот на денот се преместија кон север и североисток.
Во јужните делови се задржа променливо облачно и топло време со засилен јужен ветер.
Облачно време со повремен дожд, грмежи и засилен ветер ќе преовладува до крајот на денот и во текот на ноќта. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови од земјата.
Утре времето ќе биде променливо облачно, со повремени врнежи дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме и со услови за изолирана појава на град. Нестабилноста ќе биде позастапена во источната половина на земјава. Се очекува локално да наврнат околу 30 литри на метар квадратен.
Во Скопје до крајот на денот и утре ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат поројни и проследени со грмежи.
Во четврток врнежите ќе бидат со слаб интензитет, а на повисоките планини ќе преминат во снег. Променливо облачно и врнежливо ќе се задржи и во наредните денови, а температурата ќе биде во опаѓање
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини
-
Сијарто: Во Брисел и кај европските лидери преовладува воена психоза
-
Насилно удрил оштетено лице во нозете и му го украл телефонот во такси, кривична против 40-годишник
-
„Златна треска“ во бугарскиот приморски град Царево по веста дека поплавата однела сеф со милиони и злато
-
Трамп се закани со „целосно уништување“ ако Хамас го одбие неговиот план
-
ОЈО: Две лица од Брвеница осомничени за илегална трговија со кокаин
-
Кобахидзе: Демонстрантите се обидоа да ја соборат владата, ЕУ се меша во грузиската политика
-
Лавина однесе тројца хрватски планини во Јулиските Алпи во Словенија