Училиштето „Шаип Јусуф“ во Шуто Оризари почна со настава
Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска го посети училиштето „Шаип Јусуф“ во скопско Шуто Оризари за да ја утврди состојбата и да се увери дека наставата се одржува.
- Станува збор за исклучително значајна политичка, но пред се, образована одлука за отворање на ова училиште. Минатите денови бевме сведоци на голем број зли јазици кои не веруваа дека ова училиште ќе почне со работа. Училиштето сепак работи, во него се префрлени од веќе запишаните 64 ученици во прва и втора година, во економска, фризерска и градежна струка. Ова за нас претставува значаен мотив и потврда дека одлуката која сме ја донеле е исправна. Предвидено е во следната година да се запишат ученици во здравствена и угостителско-туристичка струка, изјави заменик министерот Ристовски.
Посочи дека се завршени сите административни работи и наставата се одвива според планираниот тек.
- На овие ученици во меѓувреме им се обезбеди бесплатен превоз, бесплатни учебници, целокупната поддршка, нивно внесување во единствениот информациски систем на МОН како нов субјект. Мислам дека денес со нашата посета овде потврдуваме дека од исклучително значење е завршувањето на целата процедура, рече Ристовски.
Тој додаде дека обезбеден е наставниот кадар во соработка и поддршка на Град Скопје, како и административниот кадар.
Учениците кои денеска го имаа првиот училишен ден во ова училиште велат дека се задоволни што сега имаат можност да учат блиску до својот дом бидејќи на тој начин значително им се намалуваат трошоците.
Првото средно училиште во Шуто Оризари официјално беше отворено пред еден месец. Училишниот објект се протега на површина од 4.405 метри квадратни, а наставата се одвива во 12 училници и 4 кабинети. Училиштето има и фискултурна сала, библиотека и читална.
Ново на Сител
-
Рано е да се каже дали воениот конфликт меѓу Иран и Израел ќе предизвика ценовен шок, смета бизнисот
-
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде осветлено во боите на македонското знаме во сеќавање на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Приведени три лица од Тетово, возеле со брзина поголема од дозволената
-
Приведен скопјанец, возел со 2,57 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
Санкционирани 154 непрописно паркирани возила на територијата на Општина Центар
-
Банкомати со високи провизии за подигнување пари има низ целиот хрватски брег
-
Влада: За следната учебна 2025/2026 година ќе се доделат 1570 стипендии за дуалното образование, најголем број досега
-
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството на политичарка и нејзиниот сопруг