Уапсен Грк кој со лажно возило на брза помош пренесувал нелегални мигранти
Грчката полиција во Солун уапси 58-годишен Грк кој со лажно амбулантно возило нелегално од границата со Турција пренесувал 13 нелегални мигранти.
Уапсениот на обично бело комбе ставил налепници брза помош, а поставил и ротациски светла кои ги искористил во обид да и побегне на полицијата.
По добиените информации од специјалниот сектор за борба со нелегалната миграција од Кавала, полицајците од Солун, вчера, во попладневните часови, го лоцирале возилото на автопатот Егнатија. При сигнализација да застане, 58-годишниот ја зголемил брзината, а за полесно да се пробие меѓу возилата и да побегне, ги вклучил и ротациските светла на „брзата помош”. По полициската потера комбето било запрено, а возачот уапсен.
Во извршената контрола на возилото биле пронајдени 13 нелегални мигранти кои платиле да бидат пренесени од грчко-турската граница во Солун.
Ново на Сител
-
Вреди: Не треба да се отвораат старите рани
-
Победа над Фарски Острови - македонските ракометари се пласираа на Светско
-
Пендаровски се заблагодари на граѓаните за укажаната доверба
-
ЦУК: Спасени две лица кои со „квадрицикл“ излетале во провалија на Шара
-
Приштина: Притвор од 30 дена за државјанин на Србија вмешан во ланските немири во северно Косово
-
ЕУ потсетува на важноста од целосно почитување на Договорот од Преспа
-
Мишел и Фон дер Лајен со честитки во Сиљановска Давкова: Очекуваме соработка на европскиот пат на земјата
-
Алексеј Навални постхумно ќе ја добие наградата за мир во Дрезден