Турските обвинителства издадоа наредби за апсење на 228 осомничени припадници на ФЕТО
Турското обвинителство денеска издаде наредби за приведување на 228 лица низ земјата поради сомненија за поврзаност со организацијата ФЕТО, на духовниот лидер фетула Ѓулен, соопштија извори од истрагата, јави агенцијата Анадолија.
Обвинителството во Измир издаде наредби за апсење на 101 активен припадник на службата и на 56 поранешни војници, кои веќе се или пензионирани или си заминале од службата или биле избркани од работа.
Наредбите за приведувања се издадени откако било утврдено дека осомничените лица телефонски комуницирале со припадници на организацијата на Ѓулен.
Oбвинителството во Анкара издаде наредба за приведување на 71 осомничен, меѓу кои и 33 лица во активна служба, поради нивната наводна поврзаност со структури на оваа организација во Министерството за правда.
Според турските власти, организацијата ФЕТО и лидерот Ѓулен, кој живее во САД, го организирале неуспешниот државен удар на 15 јули 2016 година, во кој животот го загубија 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости