Турција ќе одговори на сите закани кои произлегуваат од курдскиот референдум
Турскиот премиер Бинали Јилидрим изјави дека неговата Влада е подготвена да даде решителен одговор доколку се појават закани по национална безбедност на земјата како резултат на референдумот за независност во ирачки Курдистан.
- Нашите чекори ќе бидат усогласени со Багдад. Ќе контактираме само со централните ирачки власти по сите економски прашања. Доколку се појави опасност по нашите граници или по нашите војници во странство, ние ќе одговориме најрешително, изјави Јилдирим. Турскиот премиер додаде дека и Иран, заедно со Турција и Ирак, прави се што може за да се минимизираат последиците од кризата предизвикана од референдумот на ирачките Курди, кои во понеделникот масовно се изјаснија за независна држава.
Турција и самата се соочува со повеќедецениски конфликт со курдската заедница и поради тоа референдумот во ирачки Курдистан предизвика голема загриженост. Јилдирим веќе најави дека економските односи, пред се извозот на нафта од големите курдистански полиња, ќе се одвива единствено преку ирачката Влада во Багдад, а не преку курдистанските власти
Ново на Сител
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија
-
Реал и Борусија ќе добијат по 25.000 влезници за финалето на Вембли