ТТК Банка со 7,7 милиони денари загуба во првиот квартал
ТТК Банка во првите три месеци од годинава забележа нето загуба од 7,7 милиони денари. Во првиот лански квартал банката оствари нето добивка од 5,7 милиони денари.
Во посоченото тримесечје од годинава приходот на ТТК се намалил за 12,7 милиони денари, по растот од 1,25 милиони денари во истиот период лани, покажуваат резултатите од финансиското работење на банката.
Трошоците за персоналот на ТТК во првиот квартал од годинава достигнале 40,7 милиони денари, што претставува раст за 5,5 отсто во однос на истиот лански период, додека другите оперативни трошоци на банката пораснале за 5,6 на годишно ниво на 34,4 милиони денари.
Нето приходите од камати на ТТК Банка во периодот јануари-март 2020 година изнесувале 80 милиони денари што е за 600.000 денари помалку споредно со лани, додека нето приходите од провизии се зголемиле на 33,2 милиони денари од ланските 31,3 милиони денари.
Вкупните средства на ТТК се намалиле од 8,83 милијарди денари на крајот на минатата година на 8,45 милијарди денари на крајот на март.
Вредноста на кредитите и авансите на сите клиенти, со исклучок на останатите банки, на крајот од март пораснале на 5,13 милијарди денари од 5,1 милијарди денари на крајот на 2019 година, додека депозитите се намалиле на 6,9 милијарди денари од 7,1 милијарди денари.
Ново на Сител
-
Кражба во црквата “Св. Спас” во Сопиште, приведени двајца скопјани
-
САД повеќе не препорачуваат вакцини против Ковид-19 за бремени жени и здрави деца
-
Меџити: Таравари и Ахмети предвиделе се, но не и дека ќе го исфрлиме од ВЛЕН и од Владата
-
Критичарите на Ердоган се сомневаат во неговите намери за нов устав на Турција
-
САД ги предупредија своите граѓани да не патуваат во Венецуела
-
Најмалку петмина загинати во големата експлозија во хемиска фабрика во источна Кина
-
Oбвинителен акт против десет лица за продажба на кокаин и марихуана
-
Митева: За првпат во историјата научните бази Web of Science и Scopus стануваат бесплатни