Триесетдневен притвор за татко и син – дилери на дрога
Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против татко и син, за кои постои основано сомнение дека извршиле кривичното дело – неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
-Осомничениот 53-годишен жител на Тетово и неговиот 27-годишен син како соизвршители заради продажба држеле 9450,00 грама наркотична дрога марихуана. На 30 август, позади бензинска пумпа во Тетово, осомничените го паркирале нивното патничко моторно возило марка „БМВ“ со цел да вршат продажба на дрогата. Полициски службеници од СВР Тетово, го забележале возилото и дрогата во него, па веднаш го заплениле, соопшти Јавното обвинителство.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот ценел дека има потреба од обезбедување на присуство на осомничените за непречено водење на истражната постапка, па од тие причини до судијата на претходна постапка во Основниот суд Тетово достави предлог за определување на мерката притвор. Судот на двајцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан