-->
-->
Трето злато за Шифрин на Светските првенства во слалом
-->
Американската скијачка Микаела Шифрин триумфираше на слаломот одржан денеска во Сент Мориц во рамките на Светското првенство. Таа на убедлив начин ја потврди доминацијата во оваа дисциплина бидејќи ова за неа е трет златен медал во низа по триумфите во 2013 во Шладминг и 2015 во Бивер Крик. Воедно Шифрин имаше време од 1:37.27 минута и за 1.64 секунда беше подобра од второ пласираната Венди Холденер од Швајцарија.
Брознениот медал го освои Фрида Хансдотер од Шведска.
На оваа трка стартуваше и македонската претставничка Лидија Симјановска, но не успеа да ја заврши првата трка.
Утре на Светското првенство во алпски дисциплни на последниот ден е натпреварот во машкиот слалом.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа