Трамп: Наскоро нови преговори за Северноамериканскиот договор за слободна трговија
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека наскоро ќе разговара со лидерите на Канада и Мексико за Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА).
- Ќе почнеме преговори во врска со НАФТА, за миграцијата и безбедноста на границите, истакна Трамп.
Тој ова го изјави обраќајќи им се на службениците на администрацијата во Белата куќа, втор ден откако положи заклетва како 45-ти претседател на САД.
НАФТА е договор кој стапи во сила пред 23 години.
Трамп за време на предизборната кампања нагласи дека доколку биде избран за шеф на државата повторно ќе преговара за тој договор, со цел да обезбеди поповолни услови за САД.
На 31 јануари Трамп ќе оствари средба со мексиканскиот колега Енрике Пења Нијето.
Датумот на средбата со канадскиот премиер Џастин Трудо се уште не е објавен, но во телефонски разговор било договорено тоа да се случи наскоро.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“