Трамп најави нов приод кон „непријателскиот“ Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп најави целосно нов приод кон договорот со Иран за нуклеарнатa програма на Техеран, но и воопшто кон оваа земја.
Тој изјави дека негов прв приоритет е да ја осигура безбедноста на американскиот народ, поради што наредил целосна ревизија на договорот со, како што рече, непријателскиот режим во Иран.
- Американската стратегија е да бидеме сигурни дека Иран никогаш, потенцирам никогаш, да не се стекне со нуклеарно оружје, нагласи Трамп.
Тој изјави дека Иран шири хаос и смрт низ целиот свет, давајќи „историски лекции кои датираат уште од иранската заложничка криза“.
- Иран обезбедува поддршка за бројни терористички мрежи, кои се закана за американските и сојузничките сили. САД не се единствената цел на иранската кампања за крвопролевање, истакна Трамп, дополнувајќи дека Иран нема да го смени непријателското однесување.
- Доворот со Иран е една од најлошите зделки некогаш склучени, изјави Трамп, потенцирајќи дека Иран во неколку наврати го прекршил договорот и не го почитуваат „духот“ на договорот.
Американскиот претседател најави воведување дополнителни санкции против Иран, но и против Иранската револуционерна гарда, кои според него, ќе спречат каде било балистички напад од Иран.
Трамп бара Конгресот да се справи со ова прашање на законодавен начин, односно да подготви нов закон, во кој ќе бидат внесени сите забелешки на САД.
- Конгресот веќе почна да работи на решавање на тие проблеми, изјави шефот на американската држава, додавајќи дека клучните членови на Конгресот веќе работат на измена на нуклеарниот договор.
- Доколку не може да биде постигнат договор, тогаш спогодбата ќе биде раскината, изјави Трамп.
Тој потенцираше дека ќе поддржи излегување од договорот, доколку Конгресот и сојузниците на САД не постигнат согласност околу ова прашање.
Ново на Сител
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото
-
Мицкоски: Од Грција очекував честитки, а не политички мускули, повикувам на добрососедски и пријателски односи