Трамп: Бајден треба да полага когнитивен тест, за да дознаеме зошто донесува ужасни одлуки

Кандидатот за претседателска номинација на Републиканската партија, Доналд Трамп, денеска изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден „мора да направи когнитивен тест“.
-Џо Бајден треба да направи когнитивен тест. Можеби на тој начин би можеле да откриеме зошто носи толку ужасни одлуки, рече Трамп на својата социјална мрежа TruthSocial.
Тој додаде дека веќе направил два теста – „двата без грешка“. -Сите претседатели или оние кои сакаат да станат претседател мора да го поминат овој тест, рече Трамп.
Критичарите на Бајден побараа поголема транспарентност од Белата куќа кога станува збор за неговото здравје, и физичко и ментално, по неодамнешниот извештај на специјалниот советник Роберт Хурн во кој, меѓу другото, се вели дека американскиот претседател е „добронамерен постар човек со неуспешна меморија“.
Ново на Сител
-

Кросето: Нема надеж дека Украина ќе ги врати Крим и изгубените територии
-

Вработените на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје повторно протестираа
-

Кривична за управител и вработен во угостителски објект, послужиле малолетници со алкохол
-

Алиу: За месец дена ќе излеземе во јавноста со нов пристап кон специјализациите и курикулумот во нашиот здравствен систем
-

Три лица насилно одзеле пари од малолетник во подрачјето на Центар
-

Годишно во Македонија има по 5.000 мозочни удари, најмладиот има само 15 години
-

Ја заклучил во просторија и со средство за чистење ја испрскал во очите, приведен 31-годишен велешанец
-

Втор круг на гласање во 33 општини
