Трајковски: Натпреварот со Украина е клучен за нас
Македонскиот напаѓач Александар Трајковски смета дека натпреварот со Украина, в четврток ќе биде клучен за „црвено-жолтите“ кои се дебитанти на Европското фудбалско првенство.
– Ако ја победиме Украина големи се шансите да ја поминеме групата. До крај ќе се бориме да одиме во следната фаза и да ги израдуваме нашите навивачи. Ни преостануваат уште два натпревара. Имаме време да се подготвиме, шансата постои. Мислам дека средбата со Украина е клучна за нас. Покажавме против Австрија дека можеме да се „носиме“ со квалитетни противници. По Украина ни следува Холандија, но уште еднаш ќе повторам, дуелот против Украинците е многу важен за нас. Истото се однесува и за нив кои беа поразени во почетното коло. Ние сме подготвени за оваа борба и убеден сум дека ќе ја добиеме, изјави Трајковски.
Натпреварот на македонската фудбалска репрезентација со Украинците ќе се игра в четврток (17 јуни) со почеток во 15 часот на „Арена Букуршет“.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 9 часот
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Изборна статистика
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг