-->
-->
Трагедија на Бадник: Жител на кумановското село Пчиња загина во пожар во куќа
-->
Седумдесет и осумгодишниот Б.Ј., жител на кумановското село Пчиња почина рано изутрината во пожар што ја зафати неговата куќа, информираа од МВР.
Пожарот бил изгаснат во 10.45 часот.
Од МВР посочуваат дека пожарот во СВР Куманово бил пријавен во 04.00 часот изутрината, а нивна екипа заедно со обвинител излегла на увид.
Од Територијалната противпожарна единица, информираат дека пожарот кај нив пријавен во 03.45 часот изутрината. Пожарот го гаснеле шестмина пожарникари со три возила.
– Во објектот беше пронајдено починато лице, изјави командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се урна хеликоптерот во кој патуваше претседателот на Иран
-
Велешанец собирал печурки, во коленото му влегол проектил од огнено оружје
-
Пронајдени мигранти од Ирак и Турција
-
Возач и сопатничка повредени во сообраќајка на експресниот пат Штип-Радовиш
-
Мицотакис ја повикува Силјановска Давкова да избегне „слични незаконски и провокативни“ постапки
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Гостивар: Двајца возачи се судриле со три паркирани возила
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан