Трагедија ја потресе Македонија: Замина на печалба во Италија - дома се врати мртов
Во трагична несреќа во Италија, Делчево изгуби уште еден млад живот. Во италијанската Ламора во областа Алба, 46-годишниот Ѕвонко Петков , пред една недела, како и секој свој работен ден со тракторот со прскалка, работел на нивата, но тракторот се превртел и Ѕвонко се здобил со тешки повреди. Со хеликоптер бил итно префрлен на клиника во градот Куено, каде што и починал.
Оваа трагична сцена од крајот на животот на делчевскиот печалбар , денеска со нас ја споделија неговите пријатели кои, видно вознемирени, не сакаа да зборуваат пред камера, но потврдија дека неговото тело денеска стигнало во родното Делчево.
Делчевци се во шок и тага.Тие што го познаваа велат дека Ѕвонко со семејството 16 години живеел и работел во Италија и дека бил добар и вреден човек:
„Ние ги сретнавме во 2009 година во Италија кога бевме и многу се фалеше, убаво им било, ќерката им заврши факутлтет, а синот учи за пилот“ , вели жителка на Делчево.
Трагедиите со делчевските иселеници се секогаш болни за сограѓаните.Тие се сеќаваат на животите изгубени во Минхен во Чикаго, многу по Италија и Швајцарија.
„Ова е многу жално, млад човек да загине, без разлика дали загинал овде или во тугина сепак е многу тажно“ , рекоа граѓаните на Делчево.
Фирмата каде што работел Ѕвонко ги платила трошоците за транспортот на телото, а погребот ќе се изврши утре на градските гробишта во Делчево.
Инаку, во моментов околу 2000 жители од крајниот исток се на сезонска работа по италијанските и швајцарскте лозја. Колку има иселени по европските држави не се знае, но факт е дека над 30% од жителите на Делчево живеат и работат во туѓина.
Ново на Сител
-
Украина: Русија нема да престане додека не биде запрена
-
Трамп: Разговарав со Нетанјаху, се согласивме по сите прашања
-
Кривичен суд Скопје: Неосновано барањето за замена на мерката притвор со гаранција за Асмир Јахоски
-
Гори ѓубриште и трева кај поранешна Циглана – Драчево, информира ЦУК
-
Единаесет сообраќајни несреќи на патиштата низ истокот, за време на Велигденските празници
-
МЗШВ: Исплатени се 224.748.332 денари кон 7.826 лица за мерката 1.9 за остварено производство на овошје за 2024 година
-
Во Италија прогласена петдневна жалост
-
МВР: Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат сомнителни пораки