-->
-->
Тој верува дека Земјата е рамна како плоча и решил да го докаже тоа: Направил ракета и ја лансирал, а еве што порача по експериментот
-->
За да докаже дека Земјата е сепак рамна плоча, Мајк Хјуџис (61) направи сопствена ракета и ја лансираше на преку 500 метри во воздух.
Слета во пустината Мохаве, а после прегледот од страна на докторите, утврдено е дека има само болки во грбот.
- Се чуствувам могу полесно сега. Ми беше доста од тоа дека сум се преправал и не сум ја направил ракетата. Уморен сум од тие работи, и затоа го направив тоа, рекол тој по слетувањето.
Иако неговото лансирање било закажано за крај на минатата година, поради бројните дозволи, а и техничките проблеми, Хјуџис го одложувал својот лет се до неделата.
Хјуџис инаку е возач на лимузина, а неговата ракета полетала околу 15 часот, бидејќи ја достигна одредената висина и брзина, го отворил падобранот, и понатаму пребрзо паднал па го отворил и резервниот. Целото случување траело околу неколку минути.
- Верувам ли дека Земјата е рамна како фризби? Верувам дека е. Но го знам ли тоа? Не. Затоа и сакам да одам во вселената, истакнал Хјуџис. Тоа е негов следен проект.
Сака да направи нова ракета која ќе го однесе до атмосферата.
Ова е веќе втор пат да направи ракeта и да ја лансира. Прв пат, вели дека тоа го направил во 2014 година, а за опорувањето од слетувањето му требало три дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ доставила приговор до ДИК за прегласувањето во Желино
-
ЦУК: Во тек акција за пронаоѓање и извлекување залутани лица на опасно стрмно место меѓу село Кожле и Велес
-
Несудената актерка која го создаде Мој ДДВ | Сања Лукаревска | Неформално | Sitel Podcast 039
-
РКЕ најaвува продолжување на евтината тарифа до 16 часот
-
Во Чашка затекнати двајца дрвокрадци од Прилеп
-
Комесар на СЕ за човекови права: Со Резолуцијата за Сребреница, светот се залага за правата на жртвите
-
Пронајдена дрога кај девет гости во скопски дискотеки
-
Пожар во куќа во центарот на Штип