-->
-->
Тетовка излетала од пат и удрила во повеќе возила на автоплац, повредени неколку лица
-->
Вчера околу 17,35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул. „Ѓорче Петров“ во Скопје, патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од Тетово излетало од коловозот и удрило во паркирани возила на авто плац.
Според пријавеното од С.И., таа изгубила контрола над возилото откако друго возило, кое напуштило лице место, и го попречило движењето. По несреќата С.И. и нејзините сопатници А.А.(81) и М.А.(80), двајцата од Скопје биле пренесени во Градската општа болница „8 ми Септември“ каде од лекар на А.А. му се констатирани тешки телесни повреди, а на С.И. и М.А. им се констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје, информира МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Свештена бигорска Обител: Велигден не е време за профит, туку за милосрдие
-
Најмногу дожд во Охрид и на Попова Шапка
-
Лишени од слобода двајца криумчари, пронајдени мигранти од Кина и Авганистан
-
Блокадата на објекти на РТС во Белград трае повеќе од 80 часа
-
Дел од Аеродром без струја
-
Паркирањето во Општина Центар за време на Велигденските празници ќе биде бесплатно
-
Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници
-
Трамп му дава на Путин три дена за прекин на огнот во Украина