Тетовчани заинтересирани за „Купи куќа, купи стан“
Можностите што се нудат преку проектот „Купи куќа, купи стан“ за решавање на станбеното прашање синоќа беа презентирани пред граѓаните на Тетово.
На тетовчани, кои изразија интерес за проектот, им беше објаснето од страна на претставник од Министерството за финансии за субвенциите што можат да ги добијат за станбен кредит, кој може да аплицира и каква е постапката.
На презентацијата учествуваа и градежни компании со локална понуда на станови и банките кои се дел од проектот „Купи куќа, купи стан“.
Караванот „Купи куќа, купи стан“ имаше за цел да го приближи проектот до сите граѓани кои имаат потреба од него. Освен во Тетово, досега презентации се одржани во Охрид, Куманово, Прилеп, Битола, Велес, Гевгелија, Штип и Свети Николе.
Покрај караванот, од 29 октомври до 1 ноември во Скопје ќе се одржи и саем „Купи куќа, купи стан“ во Скопје Сити Мол. Градежните компании кои ќе учествуваат за време на саемот ќе понудат специјални попусти на станбениот квадрат.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица