Loading Video...
Ракомет
21. February 2023 - 18:52

Тешко гостување на Еурофарм Пелистер во Берлин кај фаворитот Фуксе

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва го играат претпоследниот натпревар во ЕХФ Европската лига
 
 
Пелистерци во натпревар од 9.коло имаат тешко гостување во Берлин, кај лидерот на табелата Фуксе Берлин и единствена екипа која има максимален учинок во ова натпреварување. Затоа шансите за позитивен резултат се минимални, а тоа го знаат и во таборот на битолчани.
 
„Во Берлин ќе настапиме со цел да продолжиме да се подобруваме, да ги имплементираме новите и заздравените ракометари во нашиот систем. Овој натпревар против врвна екипа, е шанса да покажеме што работиме во овој период, а шанса ќе добијат и ракометари кои досега играа.  Фуксе е врвна екипа и не треба да се трошат зборови. Се работи за еден од фаворитите во натпреварувањето, изјави тренерот на Еурофарм Пелистер Ларс Валтер.
 
Натпреварот меѓу Фуксе Берлин и Еурофарм Пелистер започнува од 20:45 часот, термин во кој ќе се игра и средбата меѓу Архус – Агуаш Санташ, додека во тек е дуелот меѓу Мотор Запорожје и Бидасоа. 
 
Пелистерци кои се на четвртата позиција на табелата ќе се борат да останат најмалку таму и да обезбедат пласман во разигрувањето.