-->
-->
Тешка победа на Ѓорческа на стартот од фјучрсот во Бурса
-->
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа тешко стигна до победата во првиот меч на фјучрс турнирот во Бурса што се игра за награден фонд од 50.000 долари. Таа во игра на двојки заедно со Валерија Страхова од Украина како втори носителки ги победија Словенките Настја Колар и Тадеја Мајерич.
Во решавачкиот сет беше 12:10 на поени со тоа што Ѓорческа и Страхова ја искористија четвртата меч топка.
Првиот сет со 6:2 во гемови го освои комбинацијата Ѓорческа - Стахова, а вториот со 6:3 им припадна на Словенките. Во четвртфиналето противнички ќе им бидат Деа Херџелас (БиХ) и Жана Познихриенко (Украина).
Ѓорческа утре во 1.коло во сингл ќе игра против 15.годишната турска тенисерка Селин Овунк (настапува со вајлд карта).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор