-->
-->
Тепачка во Скопје: Младо момче од автобус на Ургентен
-->
Вистински хорор се одвивал синоќа во 21 часот на автобуската постојка кај комплекс „Треска“ во Скопје. Според податоците од македонската полиција, 19-годишниот Д.И. заедно со двајца другари слегол од автобус со број 19, од каде слегле и други четири непознати лица, кои без повод и причина на младото момче му нанеле две убодни рани со остар предмет во градниот кош и во слабината.
Тој бил веднаш однесен во една приватна ординација од каде со возило на Итна медицинска помош е префрлен во Ургентен центар, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди и тоа пробиена белодробна марамица.
Истиот за среќа не е во животна опасност.
Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор