Телефонски разговор Мицотакис – Зеленски, Грција испраќа медицински материјал во Украина
Целосна поддршка од Грција за Украина и подготвеност да се испрати помош доколку е потребно изразил грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис до украинскиот претседател Володимир Зеленски во нивниот денешен телефонски разговор, јави дописничката на МИА од Атина.
Паралелно, како што соопштија од кабинетот на грчкиот премиер, Министерството за здравство за Грција испраќа медицински материјал за Украина.
Мицотакис повторил дека Грција уште од самиот почеток ги поддржала строгите санкции на Европската Унија против Русија и изразил подготвеност Грција да ѝ пружи помош на Украина во областите за кои ќе биде побарано.
Претседателот на Украина, според кабинетот на Мицотакис, му се заблагодарил на грчкиот премиер за јасната позиција на Грција и „побарал да продолжи поддршката во рамките на ЕУ“.
Дополнително, грчкиот премиер остварил телефоонски разговор и со претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел и се согласиле „да останат целосно координирани на ниво на Европската Унија за пружање секаква можна помош до Украина и украинскиот претседател“.
Ново на Сител
-
Аплицирала за работа од дома, добила брз кредит на свое име – уапсени двајца измамници
-
Судот го одби барањето на Нетанјаху за двонеделна пауза во судењето
-
Еурофарм Пелистер денеска ги дознава противниците во Лигата на шампиони
-
Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал
-
Ериксен: Докажав дека сум фудбалер, а не човек кој преживеал срцев удар
-
Анчелоти: Нејмар е исклучително важен за нас, тој мора добро да се подготви за Светското првенство
-
Русија казнила 20.000 војници кои одбиле да се борат во Украина
-
Мицкоски: Треба да се провери дали има кривична одговорност за пописот