Тедрос: Светот е во опасен период на пандемијата со Ковид-19
Светот е во многу опасен период на пандемијата на коронавирусот, а идентификувана е позаразната делта варијанта во речиси 100 земји, изјави шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебреијус.
Тедрос на редовната прес-конференција на СЗО кажа дека делта варијантата, која за првпат се појави во Индија, продолжува да се развива и мутира и станува доминантен коронавирус во многу земји, пренесуваат американските медиуми.
-Веќе ги повикав лидерите ширум светот да обезбедат во ова време следната година речиси 70 отсто од сите луѓе, во сите земји, да бидат вакцинирани, рече Тедрос, додавајќи дека со тоа ефикасно ќе заврши акутната фаза на пандемијата.
Директорот на СЗО посочи дека три милијарди дози од вакцината се веќе распределени и дека во колективната моќ на неколку земји е да ја зајакнат и обезбедат дистрибуција на вакцините.
Досега помалку од два проценти од вакцините се дадени на посиромашните земји.
Иако богатите земји, вклучувајќи ги Велика Британија, САД, Франција и Канада, ветија дека ќе донираат една милијарда вакцини против Ковид-19, СЗО проценува дека се потребни 11 милијарди дози за да се имунизира светот.
Ново на Сител
-
Италија ќе забрани носење бурка или никаб на јавни места
-
Уапсена сопругата на Шинаи во кој беше пукано вчера во Куманово
-
Полиција утврдила дека куферот оставен кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ е празен
-
Голема полициска акција во повеќе скопски населби, се апсат дилери на кокаин
-
По три години затвор за сопствениците на диви депонии во Вардариште
-
Во центрите за јавно здравје обезбедени 2.400 комерцијални вакцини против сезонски грип
-
Дојава за бомба кај седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
Четворица дебрани на семејна веселба пукале со пиштоли, поднесена кривична пријава