Живот
20. October 2017 - 14:52

Тања мечтае само за едно нешто во животот: Се одреков од кров над глава и скапа гардароба

Пејачката Тања Савиќ открила дека морала да се одрекне од луксуз и скапа гардароба поради своето смејство.
 
Тања Савиќ открила дека таа и нејзиниот сопруг Душан Јовановиќ работат на трето дете, а пејачката признава дека тоа и е голема желба овој пат да роди девојче. 
 
- Ќерка би сакала да имам лично за себе. Знам какво е девојчето кон родителите. Девојчињата се приврзени со мајките а мене ми треба тоа. Моите деца се навикнати да бидат до мене постојано и не се жалам на нив, но девојче си е девојче. Сакам да почуствувам како е да се има ќерка, искрена била Тања. 
 

Меѓутоа, пејачката се плаши дека ни по трет пат нема да и се оствари желбата за наследничка.

- Во фамилијата на Душан обично се раѓаат машки деца. Мојот сопруг прави само машки деца, па веројатно и овој пат така ке биде, но никогаш не се знае. Надежта последна умира.

Тања признава дека работи и живее поради децата, па така сите пари кои ги заработува ги штеди за нивната иднина. Затоа се уште нема кров на главата иако многу нејзини колешки имаат барем по една недвижнина. 

- Немам стан и не планирам да купам бидејќи собирам пари за школување на моите деца. Порано стан ми беше голема желба, но кога станав мајка, децата ми се пририоритет. Живееме во Австралија, каде имаме куќа и стан  и поради тоа тука ништо не би купила. Таму на нас сега ни е базата, а во Белград изнајмуваме стан. Одамна се простив од кровот над глава и скапа гардароба, бидејќи сакам да вложувам во нивното школување.  Би била горда да завршат добри факултети. Се друго може, а и не мора, вели Тања.