-->
-->
Тамам го избраа „влета“ во афера!!!
-->
Името на новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, се наоѓа на документите кои се објавени во аферата „Панама пајперс“. Инфантино потпишал договор со двајца бизнисмени, кои по објавувањето на документите се обвинети за давање поткуп.
Уго и Маријано Хингикс ги купиле правата за Лигата на шампионите и веднаш ги продале за речиси три пати поголема сума. Договорот бил направен во 2006 година, а потписник бил Инфантино, кој во тоа време бил директор во Европската фудбалска унија (УЕФА).
Како што пренесува британскиот сервис ББЦ, телевизиските права биле продадени на тогаш најдобриот понудувач на отоврен тендер.
Неименуван висок функционер на ФИФА, изјавил дека тој документ треба да го испита Етичкиот комитет во владеачкото тело на светскиот фудбал.
Инфантино, кој на 26.февруари стана претседател на ФИФА, истакнал дека е запрепастен што некој се сомнева во неговиот интегритет.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од 2026 три нови дестинации, до Неапол, Вроцлав и Милано, а се враќаат Будимпешта и Катовице
-
Запленети околу 35 килограми марихуана на патот Битола- Прилеп | ВИДЕО
-
Паркови и зеленило со предупредување: Не паркирајте под дрвја, најавено е невреме
-
МНР на БиХ денеска му го поништи дипломатскиот пасош на Додик
-
Пожар во барака на ЦУК во Куманово
-
Кривична за 18-годишен скопјанец осомничен за „убиство во обид“
-
Тошковски: Граѓаните заслужуваат полиција која ќе се грижи за нивната безбедност и благосостојба, ослободена од политички и други влијанија
-
Сиљановска Давкова за Кривичниот законик: Мора да се пополнуваат правните празнини и да се научат лекциите