СЗО: Со растот на температурите се зголемува опасност од вирусот зика
Вирусот зика, кој предизвикува дефекти кај новороденчињата и поретко привремена парализа кај возрасните, би може да се прошири и во Европа со растот на температурите, иако ризикот тоа да се случи е помал, потврдија денеска здравствените власти.
Најголем ризик постои во областите со голем број комарци, како североисточниот дел на Црното Море.
- Степенот на ризик од ширење на вирусот се разликува од земја до земја. Ги повикуваме државите во кои можноста од ширење на овој вирус е поголема, да ги преземат сите неопходни мерки за спречување, изјави Жужана Јакоб, директорка на регионалната канцеларија на СЗО во Европа.
Зголемените мерки на претпазливост подразбираат намалување на бројот на комарците од типот Аедес, кои се преносители на овој вирус и оспособување на здравствените установи за дијагностицирање на заразените.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка
-
Идентификувани телата на 55 загинати во сударот на патнички авион и воен хеликоптер во Вашингтон
-
Путин: Трамп многу брзо ќе го врати редот
-
Ново судско рочиште за убиството на Вања и Панче