СЗО: Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во Танзанија
Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во северозападниот регион Кагера во Танзанија, објави Светската здравствена организација (СЗО).
Здравствената агенција на Обединетите нации соопшти дека ги информирала земјите-членки, преку својата веб-страница за избувнувањето на епидемијата на вирусот Марбург во регионот Кагера во Танзанија и дека ризикот од натамошно ширење на смртоносната болест во земјата и регионот е висок.
„Нa 10 јануари, СЗО доби веродостојни извештаи од извори во земјата за сомнителни случаи на вирусот Марбург во регионот Кагера во Обединетата Република Танзанија. Шест лица се пријавени дека биле заразени, од кои пет починале. Од 11 јануари 2025 година, девет сомнителни случаи, вклучително и осум смртни случаи, се пријавени во две области – Бихарамуло и Мулеба“, се вели во соопштението на СЗО.
Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, во објава на социјалните мрежи рече дека „СЗО ја понуди својата целосна помош на Владата на Танзанија и на погодените заедници“.
Во март 2023 година, танзаниските здравствени власти објавија дека избувнувањето на болеста од која починале пет лица во регионот Кагера, е под контрола.
Според СЗО, болеста предизвикана од вирусот Марбург се пренесува од човек на човек преку директен контакт со телесните течности на заразените лица или преку контакт со опрема и други материјали контаминирани со заразена крв, ткива или телесни течности на заразените луѓе, како и контаминирани површини или материјали.
Ново на Сител
-
Втора успешна трансплантација со коска од починат донор на Клиниката за ортопедија
-
Во Косово затворени сите институции поврзани со Србија
-
Кос: Се надевам дека Македонија ќе го смени Уставот
-
Началникот на Армијата на конференција на Воениот комитет на Нато
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да се дистанцира од Груби
-
СДСМ: Кошничките на Мицкоски – целосно промашување
-
Новогодишната кошничка даде резултат
-
СЗО: Осум лица заразени со вирусот Марбург починаа во Танзанија