Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина
„Незапирливи“ е мотото на годинашното одбележување на 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина и на Неделата на македонскиот Црвен крст (8-15 мај 2021) и произлегува од активностите на оваа хуманитарна организација во изминатата година во справувањето со последиците од глобалната пандемија.
– Слоганот на овој наш годинашен празник во голема мера се должи на напорите на нашето движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Сè она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата. Секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување. Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме незапирливи во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од сè, изјави претседателот на Црвениот крст на РСМ Ромел Велев.
Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина се одбележува секоја година на овој датум во чест на Анри Динан, основоположникот на ова движење, кој е роден на 8 мај 1828 година.
Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина низ светот на овој ден преку пригодни активности ја подигнуваат свеста за значењето на нивните основни принципи и вредности, организираат различни активности за привлекување нови членови и волонтери и за оддавање признание и благодарност на партнерите кои ги поддржуваат во хуманата мисија.
Ново на Сител
-
Судиите избираат двајца нови членови на Судскиот совет
-
Дете загина, мајка повредена во торнадо во Мичиген
-
Апелациски суд во Џорџија го запре процесот против Трамп за вмешаност во изборите
-
Началникот на ГШ на Армијата генерал-потполковник Ѓурчиновски на конференција „форум Б-9“ во Драч
-
Сиљановска Давкова ќе го врачи мандатот за состав на влада на Мицкоски
-
Засега тројца кандидати за лидер на СДСМ, денеска истекува рокот за кандидирање
-
Најмалку четворица загинати, 23 повредени при судир на возови во Чешка
-
Путин: Русија би можела да употреби нуклеарно оружје во случај на закана