Светска медицинска асоцијација: Можеби вакцината против Ковид-19 ќе треба да се дава секоја година
– Дополнителната, засилувачка доза од вакцината против коронавирусот веројатно ќе биде потребна секоја година, е мислењето на претседателот на Светската медицинска асоцијација, Франк Улрих Монтгомери, кое го истакна во интервју за весниците на германската медиумска група „Функе“.
-Засилувачката доза на вакцината го зајакнува имунолошкиот систем. Но, не знаеме точно колку долго ќе трае пандемијата. Можеби вакцината треба да се дава секоја година, рече докторот. Монтгомери го поддржа воведувањето зелени сертификати за вакцинација со рок на важност што ќе истече во одреден момент доколку граѓанинот навреме не изврши ревакцинација.
Првите вакцини против коронавирусот беа направени лани во декември во Германија, а граѓаните кои ги добија вакцините се уште имаат валидни потврди. Светската здравствена организација (СЗО) во петокот го идентификуваше новиот сој Б.1.1.529, пронајден во Јужна Африка, и го именува со грчката буква омикрон. СЗО во соопштението кажува дека оваа варијанта на коронавирусот „има голем број мутации, од кои некои се загрижувачки“.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка