Македонија
28. January 2018 - 8:05

По студеното утро следува сончев и топол ден

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. 

Температурата ќе се движи од шест до 13 степени. 

Во Скопје ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до девет степени. 

До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со пораст на утринските и дневните температури. По одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.