Светска банка: Доколку Кипар се обедини, доходите ќе се зголемат за седум отсто
Решавањето на Кипарското прашање и обединувањето на островот ќе отвори значителни перспективи за економскиот и социјален развој за земјата, се посочува во истражувањето на Светската банка, што е претставено во Никозија од страна на мисијата на ОН и економската екипа на меѓународната финансиска институција.
Обединувањето на 45 години поделениот Кипар, доколку биде поддржано од соодветни политики, ќе доведе до дополнително просечно годишно темпо на зголемување на Бруто домашниот производ за 0.4 отсто за заедницата на кипарските Грци и 1.8 отсто за заедницата на кипарските Турци.
При ваков повисок економски раст доходите на Кипарците ќе се зголемат за седум отсто во следните 10 години по договорот, прогнозира Светската банка во своето истражување за економскиот и социјален развој на идниот федерален Кипар.
Обединувањето на островот ќе донесе и дополнителни инвестиции од повеќе од 1.1 милијарда евра во инфраструктурни проекти за интегрирање на енергетските, транспортните и водоснабдителните системи, се посочува уште во извештајот на Светската банка.
Ново на Сител
-
Сашо Мијалков излегува од затвор
-
Вучиќ пристигна во Њујорк заради гласањето на резолуцијата за Сребреница во ОН
-
Путин назначи нов заменик министер за одбрана
-
Гвардиола: Поблиску сум до заминување, отколку до останување во Сити
-
Утре сончево со умерена облачност, попладне со дожд и грмежи
-
Уапсен е врховниот судија Наке Георгиев поради поткуп
-
Откако не му дале пари, со нож се заканил на својот татко дека ќе го убие
-
Сапунот од кокос - благотворен против комарци