Светот почна да ја прославува Новата 2016 година
Светот ги почна прославите за Новата година, а меѓу првите кои влегоа во Новата 2016 година беа државјаните на НОв Зеланд и Австралија, јави Би-Би-Си.
Толпата народ ги одброи последните секунди од 2015 под облакодерот Скај Тауер во Оукланд во 11 часот по Гринич, придружени од огномет и ласерско шоу. Во Австралија, огнометот го осветли пристаништето на Сиднеј на полноќ (13 часот по Гринич).
Нов Зеланд ја дочека 2016 година еден час по Самоа и Кирибати, првите држави во кои камбаните ја поздравуваат Новата година.
Големите градови во Азија, како Хонг Конг, Сингапур и Пекинг наскоро исто така ќе го одбележат пристигнувањето на Новата година со свои грандиозни празнувања.
Во Египет, празнувањето ќе се одвива пред пирамидите крај Каиро, како обид на владата да го препроди туризмот, кој исто така е жртва на терористичките напади.
Во меѓувреме, во Дубаи екстравагантно шоу ќе осветли највисоката зграда во светот, облакодерот Бурџ Калифа, со 400 илјади LED светилки и 1,6 милиони пиротехника, подготвена за употреба.
Ново на Сител
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел
-
Работна средба на Стопанската комора со раководството на „Македонија 2025“