Свештениците во Полска вмешани во една третина од случаите на педофилија од 2017 до 2020 година
Свештеници биле вмешани во речиси третина од делата за педофилија пријавени во Полска од 2017 до 2020 година, соопшти државната комисија, по анализи на повеќе од 300 случаи во текот на тој период.
– Државната комисија за истражување на педофилија истражи сто (од вкупно 345) случаи во кои свештеници се наведени како сексуални злоставувачи на деца на возраст под 15 години, се наведува во првиот извештај на Комисијата.
Комисијата доставила 55 барања за истрага до Државното обвинителство, од кои 36 биле за непријавување на педофилија до надлежните органи. Во 35 проценти од случаите, сторителите се членови на семејството на жртвата.
Комисијата, формирана во 2019 година, дава голем број законски препораки во извештајот за забрзување на постапките и за понатамошна заштита на жртвите од педофилија.
Исто така Комисијата посочува дека и покрај барањата Католичката црква не доставила документација за случаите на педофилија.
Во извештај на Католичката црква во Полска објавен во јуни се наведува дека од 2018 година добила стотици нови тужби за сексуално злоставување на малолетни лица од страна на свештениците. Во Католичката црква биле пријавени 368 случаи на сексуална злоупотреба извршени од 1958 до минатата година.
Ново на Сител
-
Ќе најде ли ДУИ удобност на левата страна од Собранието - што да очекуваме од новото Собрание
-
Тема на денот со Андреј Петров
-
Африм Гаши избран за претседател на Собрание
-
Од рапер до претседател на Собрание - Кој е Африм Гаши?
-
Нов собраниски состав
-
Силјановска Давкова: На венецот во Рим сакав да пишува РС Македонија, но немаше место
-
Внатрепартиски избори во СДСМ на 30 јуни: Кој ќе влезе во трката за претседателското место?
-
Затворените сали на Хирургија го блокираа цел здравствен систем!