Судскиот совет не работи во полн состав
Судскиот совет на Република Македонија информира дека Советот не работи во полн состав и со зголемениот обем на работа се доведува во прашање нормалното функционирање на Советот, како и неговото ефикасно и навремено постапување по предметите.
– На 5.10.2019 година им престана мандатот на двајца членови на Советот, а постапката за избор во Собранието до денес не е завршена. Покрај тоа, на еден член на Советот избран по предлог на Претседателот на РМ му престанува мандатот на 26.12.2019 година, а на еден член на Советот избран од редот на судиите му престанува мандатот на 29.01.2020 година. Поради овие причини, Советот оцени дека е потребно да ја запознае јавноста за својата работа, како и за проблемите со кои се соочува поради тоа што работи во неполн состав, се вели во соопштението на Судскиот совет на РМ.
Судскиот совет, се додава во соопштението, како самостоен и независен орган на судството е основан со цел да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт, преку остварување на своите функции согласно Уставот и законите. Во рамките на законските надлежности утврдени во Законот за Судски совет на Република Македонија и Законот за судовите, Советот одлучува за одговорност на судија и претседател на суд од аспект на совесност и професионалност во работењето.
– Советот не ја испитува имотната состојба на судиите, истото е во надлежност на Државната комисија за спречување на корупцијата, стои во соопштението.
До Советот од страна на судовите се доставуваат извештаи во кои се наведени причините за застарувањето на секој предмет. При работните посети кои се вршат во судовите од страна на Советот се испитуваат причините за застарувањето и дали евентуално постои одговорност кај судијата.
– Од влегувањето во сила на новиот Законот за Судски совет на Република Македонија (30 мај 2019 година), поднесени се барања за утврдување на одговорност за вкупно 58 судии. Во текот на 2019 година, Судскиот совет разреши еден претседател на суд и двајца судии, а во тек е постапка по извештаите на Комисиите на известители, се вели во соопштението од Судскиот совет на РМ.
Ново на Сител
-
Бројот на настрадани во поплавите во Шпанија се искачи на 224, најмногу жртви во Валенсија
-
Граѓаните да ги заменат возачките со старо уставно име заклучно со Нова година апелира Тошковски
-
Претседателот на Реал не е задоволен од Мбапе
-
Не ми требаат скапи работи и Мерцедеси | Бомбакис | Лабави муабети со Марко | Sitel Podcast 070
-
Фернандеш: Аморим ја врати возбудата во Манчестер Јунајтед
-
Ристовски ја најави првата поголема капитална инвестиција во спортската инфраструктура
-
Раниери се врати во Рома
-
Шефот на бразилската полиција: Нападот бил насочен кон судијата Алехандре Де Мораес