Судир помеѓу два автомобила на патот кон браната Козјак, тешко повредени седум лица меѓу кои двајца малолетници
На 26.06.2021 во 19,30 чaсот било пријавено дека на локалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Р.В.(27) од Скопје и патничко моторно возило “опел“ со скопски регистарски ознаки управувано од Л.Ќ.(40) од Скопје.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Р.В. и малолетен сопатник од другото возило констатирани во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ и Градската општа болница “Св.Наум Охридски“, а со телесни повреди се здобила Л.Ќ. и сопатниците од двете возила И.С.(68), М.С.(64), Д.Г.(27) и малолетник, сите од Скопје, констатирани во Градската општа болница “Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници