Студентите на УКИМ на почетокот на новата учебна година со нова спортска сала
Студентите на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј во Скопје до почетокот на новата учебна година ќе добијат нов репрезентативен спортски објект.
Големата спортска сала, која ја гради Агенцијата за млади и спорт, е во напредна фаза на градба. Според информациите од изведувачот, околу 70 проценти од градежните работи се завршени, а се очекува до октомври објектот целосно да се финишира.
Салата ќе биде приспособена да се користи за кошарка, одбојка, мал фудбал, тенис, пинг понг, гимнастика, боречки спортови и сите останати дисциплини поврзани со физичкото образование и спортот. Централниот спортски терен ќе биде со димензии 40 на 20 метри, а покрај главната намена треба да овозможи едновремено одвивање на паралелни спортски активности со разделување на теренот на два дела со подвижен параван.
Спортската сала ќе има трибини со капацитет од 1.100 гледачи и под трибински простор кој ќе биде искористен за фитнес, теретана, простории за пинг-понг, простории за состаноци и предавања и канцеларски простории.
Во изминатите неколку години, преку Агенцијата за млади и спорт се изградени вкупно 222 објекти низ целата држава, за што од буџетот се издвоени преку 40 милиони евра.
Ново на Сител
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп