Страшно насилство во Хонг Конг: Демонстраните уништија железничка станица па упаднаа во трговски центар
Полицијата во Хонг Конг употреби солзавец во областа Ша Тин за да ги растера демонстрантите кои упаднаа во трговски центар.
Претходно истите демонстранти ја демолираа блиската железничка станица која е затворена.
Хонгконшката полиција претходно денеска зазеде позиции на главната железничка станица на пат кон аеродромот, за да ги спречи антивладините демонстранти повторно да го загрозат внатрешниот сообраќај, после дивеењето на улиците на оваа кинеска територија во текот на изминатата ноќ.
Демонстрантите веќе го вандализираа аеродромот кога ја блокираа салата за пристигнување, ходниците, а палеа и огнови на улиците на блискиот град Тунг Чунг и ја искршија тамошната станица на метрото. Вчера го запалија кинеското знаме, а полицијата употреби солзавец за да ги растера.
Полицијата соопшти дека некои демонстранти фрлале врз силите на редот Молотови коктели во текот на маршот во Тиен Мун, дистрикт во северозападот на градот.
Протестот бил релативно мал во однос на претходните домонстрации кои се одржуваат секој викенд од месец јуни.
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.
-
Гордана Сиљановска Давкова го доби Уверението од ДИК за претседател на државата