Стопанската комора бара преиспитување на мерката за замрзнати цени на пијалоците
Стопанската комора бара преиспитување на мерката за замрзнување на цените на пијалоците.
Здружението за земјоделство и прехрабмена индустија при Стопанската комора со писмо до министерот Бектеши преку факти укажува дека мерката е на дирекна штета и на производителите и на трговците.
Нејасно според нив е зошто производителите кои работат со маржа од само 3, 78% се посочени какво главни виновници за зголемување на цените. Намалувањето на производите од 10% за нив неминовно ќе значи работа со загуба, без никаква можност за развој на компаниите, нови инвестиции и вработувања.
Зголемените цени во изминатиот период се објективни и речиси целосно надвор од контрола на компаниите, а најмалку се израз на самоволие. Кризата доведе до огромни зголемувања на сите суровини и репроматеријали:
- цената на стаклената амбалажа се зголеми за над 100%
- претформите ПЕТ амбалажа за 30%
- двојно е зголемена цената на шеќерот
- репроматеријалите како амбалажи и капачиња се зголемени за 30%
- главната суровина за производство на пиво е зголемена за 110%
- за над 30% се зголемени и цените на свежото овошје, се посочува во писмото до министерот Бектеши
За цената на пивото која во најголема мера зависи од даночната политика, од Стопанската комора бараат и државата да превземе дел од трошоците преку намалување на акцизата која во Македонија е за три пати поголема во споредба со земјите од регионот и земјите членки на ЕУ.
АКЦИЗА ЗА ПИВО СО 5 СТЕПЕНИ АЛКОХОЛ
МАКЕДОНИЈА - 32,5 ЕUR/ HL
РОМАНИЈА - 8.63 EUR/HL
БУГАРИЈА - 9,2 EUR/HL
ГЕРМАНИЈА - 9.44 EUR/HL
ЧЕШКА - 14.69 EUR/HL
АВСТРИЈА - 24 EUR/HL
ХРВАТСКА - 25.89 EUR/HL
Речиси сите комании од оваа дејност превзедоа мерки за ублажување4 на ценовниот чок за своите вработени и здружување на постоечкиот кадар преку зголемување на платите за 25%.
Оттука сметаме дека треба да се почитува изразената волја и спремност на производителите на пијалоците доброволно да намалат цена на дел од своите производи што беше и направено, но во никој случај оваа мерка не смее да се однесува на целиот асортиман и сите производи посочуваат од комората .
Реакцијата на комората следи откако пред три дена Владата со мерката гарантирана цена ги опфати и соковите, газираната и негазирана вода и пивото чии цени се намалени за 10 проценти.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар