Столтенберг: Акциите на Русија не придонесуваат за безбедноста и стабилноста на регионот
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска реагираше на кршењето на воздушниот простор на Турција од страна на авионите на Руската Федерација при нивните маневри за бомбардирање на позициите на Исламската држава (ИСИЛ). Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, Столтенберг денеска во седиштето на НАТО во Брисел се сретна со министерот за надворешни работи на Турција, Феридун Синирлиоглу, со цел да разговараат за неодамнешните воени акции на Руската Федерација во и околу Сирија.
Генералниот секреар на Алијансата, соопшти дека со турскиот шеф на дипломатијата разговарале и за „неприфатливото кршење на турскиот воздушен простор од страна на руските воени авиони“.
- Јасно ставив до знаење дека НАТО останува силно посветен на безбедноста на Турција. Јас ќе свикам состанок на Северноатлантскиот совет подоцна денеска за да разговараат за ситуацијата. Активностите на Русија не придонесуваат за безбедноста и стабилноста на регионот. Апелирам до Русија за целосно почитување на воздушниот простор на НАТО и да избегне ескалација на тензиите со Алијансата. Апелирам до Русија да преземе неопходни чекори за да ги усогласи своите напори со оние на меѓународната заедница во борбата против ИСИЛ, потенцираше Столтенберг.
И покрај заедничката цел на неколку земји-членки и сојузници на Северната Алијанса за справување со терористите на Исламската држава, официјално ниту НАТО, ниту некоја негова земја-членка, досега не ги поддржува воените операции на Руската Федерација против ИСИЛ, иако истите им нанесуваат огромни порази на терористите.
Ново на Сител
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени
-
Скопје денеска со третата највисока температура во Европа – 41,7°C
-
Орбан: Да бараме од нашите семејства да плаќаат 3,5 пати повеќе за гас? Тоа не е лидерство, туку економско самоубиство
-
Путин: Русија ќе ги намали воените трошоци и е отворена за преговори со Украина
-
Рекордни температури и пожари на Балканот, се очекува разладување за викендот
-
Вицепремиерот Николоски учествува на Форум за министри за транспорт во Истанбул
-
Сиљановска-Давкова ги прими припадничките на Армијата кои успешно ја завршија обуката во САД
-
Иран призна голема штета на нуклеарните постројки