Стоилковски: Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДСМ
Затворите се решето во кое што останува само оној што нема конекции со СДС. Одговорни за тоа се затворските управи и служби поставени од СДС во чија што хиерархија доминираат луѓе од таканареченото обезбедување на партиските собири на СДС. Во само еден месец најмалку три бегања се случија на територија на Скопје. Се посочува на врски меѓу избеганите и СДС, а молкот и немањето санкции упатува на сомнеж за намерни системски пропусти.
Почитувани, Македонија е во еден многу тежок период во којшто СДС ја втурна и период во којшто и од најмал инцидент единствен бенефит ќе има токму СДС на сметка на длабоки сериозни последици за државата. Оттука, од јавен интерес е СДС и владата да одговорат дали станува збор за смислено сценарио во коешто побегнатите се пуштени да предизвикаат инциденти во државата?
Дали бегствата на човек, член на СДС, со фотоалбум со половина Влада, претседател на држава и цело раководство на СДС, како и на поранешен полицаец – насилник и наркодилер, двајцата од затворот во Шутка, што мина без никаква јавна одговорност или санкција, не се намерни пропусти, за теснопартиски интереси на СДС, дали не се побегнати за да можеби предизвикаат, исценираат или организираат инцидент на 4 февруари?
Дали бегството без последици за затворската служба и администрација, без одговорност со можност за организирање на инцидент, значи награда и за избеганите и за затворските службеници?
Уште еднаш, дали бегањата од затвор се сценарио на СДС за инциденти од што ќе профитира само СДС на штета на Македонија?
Почитувани, уште еднаш укажувам на сериозноста на моментот, како и на сериозноста од опасност од предизвикан инцидент, како и на јавниот интерес СДС да одговори на овие прашања. МВР мора сериозно да пристапи и избеганите да ги врати зад решетки, а министерот Тупанчевски да преземе сериозни мерки и санкции во затворската администрација. СДС, Спасовски и Тупанчевски не смеат да одмолчат на овие прашања. Состојбата којашто ја креираше СДС е пресериозна за да се тераат теснопартиските интереси.
Одговорноста за спречување на инциденти има само и само власта.
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании