Стоилковски: Уште колку имиња од семејства на власта се на списоците од грозоморниот криминал во Онкологија?

Почитувани,
Директор на Онкологија го исклучува системот за контрола и следење, друг директор вади лажни документи за семејството за да го смести на Клиниката.
Почитувани,
И двајцата директори се многу блиски до врвот на партиите коишто ги назначиле! Вакви зафати и молкот за криминалот со години во Онкологија се невозможни без знаење и поддршка од власта.
Почитувани,
Уште колку имиња од семејствата на власта се на списоците од грозоморниот криминал? Кој му кажал на директорот од СДС да го исклучи системот? Кој му издал лажни документи на директорот од ДУИ? Уште колку трагедии и грозоморни криминалии има низ клиниките?
Почитувани
Со години трае тежок криминал, грозоморен криминал, на пациенти се украдени лекови, а оние што треба да ги лечат, им било ставано вода, додека лековите организирано ги продавале на црн пазар! Наместо пари за лекови за вистински пациенти, државата купувала цитостатици за фиктивни, некои веќе починати пациенти, за онколошката мафија поддржана од власта да продава цитостатици на црн пазар!
Ова грозоморие не доликува на здравство туку на логорите на смртта! И ова грозоморие минува неказнето со години иако за него се зборуваше и се пишуваше! Ова грозоморие е креација на власта!
И се додека се на власт, нема да дозволат вистинска истрага!
Провизии за вакцини, модуларна, „Беса транс“, Онкологија...
Се додека се на власт нема истрага ниту правда. Единствено ќе врти бројчаникот на криминалот со смртни последици!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-

Распишана потерница за осудениот за Ласкарци
-

Мерц: Малку е веројатен пробив неделава за мировниот договор за Украина предложен од САД
-

Потпретседателот на Собранието Милошоски на 4. Парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа
-

Пепи Велков ја донесе втората победа за Македонија на Светското ВАКО првенство за сениори во кик бокс во Абу Даби
-

Сослушан сведок во случајот „Геријатрија“, судењето продолжува на 5 декември
-

Две дојави за бомби на концертот на Девито во Скопје
-

Нови лажни дојави за бомби во две училишта и музеј во Скопје
-

Исени: Безбедноста е темел на Националната развојна стратегија, безбедно и отпорно општество е предуслов за развој на државата
