Стоилковски: Ако Филипче утврдил сомнителен инсулин, зошто нема постапка за одговорност
Аферата со валидниот инсулин повлекува кривична одговорност за министерот за здравство и владата на Зоран Заев.
Оттука го повикуваме министерот Венко Филипче јавно да одговори на конкретни три прашања:
· Прво, кога точно е увезен инсулинот кој е уништен а чиј што краен рок на употреба е до 6-ти месец следната година? Дали министерот знае дека нема инсулин со рок на употреба подолг од 20 месеци и ако е така тогаш инсулинот е донесен во време на оваа власт.
· Второ, министерот Венко Филипче да одговори која институција проценила дека се работи за сомнителен инсулин, и поради кои објективни причини оценила така. Нека покаже документ, како што ние го покажуваме овој документ од министерството на кое се гледа дека рокот на траење на дел од инсулинот е до 6-ти месец следната година?
· Трето и многу важно, ако министерството оценило дека има сомнителен инсулин, тогаш зошто нема постапка врз тој кој довел до таа состојба или се се завршува со гола реторика после која треба да следи втор вносен тендер за набавка на нов инсулин. Фатени се живи како прават малверзации со валиден инсулин.
Бараме точни одговори од министерот за здравство.
Ново на Сител
-
Истрага за недозволено држење оружје
-
Обид за кражба во простории на Општина Чаир каде се чувал изборен материјал
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени