Стартува 24. издание на Африканскиот куп

Вечерва започнува 24-тото издание на Африканскиот куп на нации. Домаќин на натпреварувањето е Брегот на Слоновата коска, а титулата ја брани Сенегал.
Во претходното издание, пред една година, Лавовите од Теранга, како што ја нарекуваат репрезентацијата на Сенегал, предводени од нивната најголема ѕвезда Садио Мане, во финалето ја совладаа селекцијата на Египет по подобро изведување пенали.
Египќаните се најуспешната репрезентација со седум титули во африканскиот шампионат и нема сомнеж дека Мохамед Салах (кој загуби двапати во финалето) и неговите соиграчи ќе сакаат да возвратат.
Египет и Сенегал повторно се меѓу фаворитите, заедно со домаќинот Брегот на Слоновата коска, Нигерија, Гана, Камерун, Алжир и Мароко, четвртопласираната селекција од последното Светско првенство во Катар 2022 година.
Турнирот ќе го отвори натпреварот меѓу домаќинот Брегот на Слоновата коска и Гвинеја Бисао. Натпреварот во Абиџан ќе започне во 21 часот.
Група А: Брегот на Слоновата коска, Нигерија, Екваторијална Гвинеја, Гвинеја Бисао
Група Б: Египет, Гана, Зеленортски острови, Мозамбик
Груоа Ц: Сенегал, Камерун, Гвинеја, Гамбија
Група Д: Алжир, Буркина Фасо, Ангола, Мавританија
Груоа Е: Тунис, Мали, Јужна Африка, Намибија
Груоа Ф: Мароко, ДР Конго, Замбија, Танзанија
Ново на Сител
-

Клиперси го разменија Харден со Кливленд
-

Најмалку 35 загинати, речиси 400 повредени во снежни бури во Јапонија
-

13-годишно момче херој во Австралија: Пливал 4 часа за да го спаси своето семејство
-

ДЗС: Отстранети шест артилериски гранати од Првата светска војна во Гевгелиско
-

Најстудено во Берово, Попова Шапка и Маврови Анови
-

Во бродска несреќа, во близина на грчкиот островот Хиос, загинаа 14 мигранти
-

Без вода делови од Центар и Чаир
-

Поведена истрага против Манделсон поради наводно оддавање информации на Епстин
